СЗО: Повеќе од 700 напади врз украинските здравствени објекти

Стотици илјади куќи и станови, училишта и болници се без греење.

Фото: ЕПА

Светската здравствена организација (СЗО) има регистрирано 703 напади врз здравствената инфраструктура во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари, што регионалниот управител на организацијата го нарече најголем напад врз здравствената заштита од Втората светска војна.

„Ова е јасно прекршување на меѓународното хуманитарно право и правилата за војна“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге во Киев, додавајќи дека тоа е најголемиот напад врз здравјето на европско тло од Втората светска војна.

Стотици илјади куќи и станови, училишта и болници се без греење, рече Клуге.

„Постојаните напади врз здравствената и енергетската инфраструктура значат дека стотици болници и здравствени установи веќе не се целосно функционални, немаат гориво, вода и електрична енергија за основните потреби“, објасни Клуге.

Тој додаде дека половина од енергетската инфраструктура на Украина е уништена или оштетена и дека „10 милиони луѓе, четвртина од населението, се без струја“.

Временските прогнози, кои предвидуваат температури од минус 20 Целзиусови степени, претставуваат сериозен ризик за здравјето.

„Студеното време може да убие. Оваа зима ќе биде опасна по живот за милиони луѓе во Украина“, рече Клуге.

Постои голема закана од респираторни инфекции како ковид-19, од кои многу Украинци не се доволно заштитени.

Понатаму, „многумина ќе бидат принудени да се свртат кон алтернативни методи за греење како што се согорување јаглен или дрва или користење дизел-генератори или електрични греалки“.

„Тие претставуваат здравствени ризици, вклучително и изложување на штетни материи... како и случајни изгореници и повреди“, објасни Клуге.

„Сето ова му штети на менталното здравје на украинскиот народ. Приближно десет милиони луѓе се изложени на ризик да развијат ментални нарушувања како што се акутен стрес, анксиозност, депресија, злоупотреба на лекови и посттрауматско стресно нарушување“, додаде Клуге.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе