СЗО: По шест недели пад, бројот на заразени во Европа повторно расте

Бројот на нови случаи на ковид-19 повторно расте во Европа по шестнеделен пад, објави денеска регионалната администрација на Светската здравствена организација (СЗО).

„Забележуваме повторно раст во централна и источна Европа. Новите случаи растат и во неколку земји на запада Европа, каде процентот на заразени е веќе висок“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге на прес-конференција.

Европејците „мора да се вратат на основата“ на борбата против вирусот и неговите варијанти користејќи ги сите средства во сила и мора да ја забрзаат вакцинацијата, рече тој.

„Мора да го прошириме нашето портфолио на вакцини“, рече тој.

Додека дискусијата за т.н. зелени пасоши ја вознемирува Европа, таа идеја се повеќе ја разгледува СЗО, која не ги „препорачува (...), туку разгледува дали се изводливи и колку се прифатливи“ таквите пропусници, рече Клуге.

Минатата недела, новите случаи на ковид-19 во Европа пораснаа за 9 проценти, објави регионалниот огранок на СЗО, кој обединува околу 50 европски земји се до централна Азија.

„Со ова е ставен крај на падот на бројот на заразени лица, кој траеше шест недели и ветуваше подобрување, но сега повеќе од половина од нашите региони потврдуваат растечки број на нови инфекции“, рече Клуге.

Понатаму, пандемијата ги продлабочи родовите нееднаквости, наведе СЗО.

„Вонредните состојби носат непропорционални последици по здравјето на жените, а ковид-19 не е исклучок, така што потврдените случаи се почести кај жени и млади“, рече тој.

Исто така е забележано дека повеќе жени отколку мажи страдаат од ментални заболувања поврзани со пандемијата и дека дошло до зголемување на насилството во бракот.

Од 53 земји во европскиот регион, 45 започнаа кампања за вакцинација против ковид.

Според официјалните податоци собрани од новинската агенција Франс прес, во Европската унија, 2,6 проценти од населението ги примиле двете дози на вакцина против ковид-19, а 5.4 проценти примиле барем една доза.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе