Дневно и до 160 илјади случаи

СЗО: Пандемијата се влошува, носењето маски може да спаси животи

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60 отсто од 10 милиони заболени низ светот се регистрирани во јуни, што покажува дека пандемијата се влошува, а не дека ослабува.

EPA-EFE

Директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус кажа дека дневно се забалежуваат и до 160 илјади случаи и ги повика сите држави сеопфатно да пристапат на борбата против вирусот.

„Пронајдете, изолирајте и грижете се за секој случај, следете и ставајте ги во карантин нивните контакти, облечете и опремете ги здравствените работници, образувајте ги и охрабрете ги граѓаните да можат да се чуваат и себеси и другите“, порача тој.

Гебрејесус предупреди дека земјите кои применуваат само дел од мерките „имаат долг пат пред себе“.

„Не само тестирање. Не само физичка дистанца. Не само следење на контактите. Не само носење маски. Туку сѐ одеднаш“, кажа директорот на СЗО и истакна дека едно од нештата кои ги научил во последните шест месеци е дека никогаш не е доцна да се смени ситуацијата во некоја земја.

Гебрејесус кажа дека носењето маски некогаш може да спаси животи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе