СЗО: Пандемијата ја достигна критичната точка, растот е експоненцијален

Пандемијата на ковид-19 достигна критична точка со експоненцијален раст на бројот на заразени, но со докажано ефикасните здравствени мерки може да се стави под контрола, порача денес Светската здравствена организација (СЗО).

EPA-EFE

„Пандемијата достигна критична точка. Во полн ек е и расте експоненцијално. Тоа не е ситуацијата во која сакаме да сме 16 месеци по избивањето на пандемијата, особено кога се има предвид дека располагаме со ефикасни мерки за контрола“, кажа Марија вон Керкове, техничката директорка на СЗО за борбата против ковид-19.

Предупреди дека бројот на заразените во светот минатата недела се зголемил за девет отсто, а бројот на умрените за пет отсто.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус кажа дека сите посакуваат отворање на општествата и економиите, но дека ќе треба уште време за да ја совладаме епидемијата.

„Ние исто така би сакале општествата и економиите да се отворат, да заживее трговијата и повторно да се патува. Но во моментов единиците за интензивна нега во бројни земји се преполни со пациенти и луѓе умираат. А сето тоа може да се избегне“, кажа Гебрејесус.

„Ќе биде потребно уште време за пандемијата да се приведе кон крајот, но имаме причини за оптимизам“, додаде и потсети дека падот на заразените и умрените во првите два месеци од оваа година покажуваат дека можеме да го сопреме коронавирусот и неговите варијанти.

Но, додаде, во светот завладеаја „хаос, лажна сигурност и недоследност во примената на здравствените мерки“ и тука лежат главните причини за повторното значително ширење на заразата.

Во некои земји, истакна шефот на СЗО, и покрај тоа што заразата непречено се шири, рестораните, ноќните клубови и пазарите се отворени и полни, а само мал број луѓе ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Најголем број новозаразени, истакна, бележат земјите од Азија и Блискиот Исток.

Повторно подвлече дека вакцините се „клучно и моќно“ оружје во борбата против ковид-19. Досега во светот се примени 780 милиони дози вакцини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе