СЗО: Особено сме загрижени поради короната на Балканот

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денес дека е „особено загрижена" поради состојбата со ковид-19 на Балканот и централна Европа, пишува АФП, истакнувајќи дека бројките на хоспитализации и смртни случаи се меѓу највисоките во светот.

Фото: ЕПА

Регионалната канцеларија на организацијата за Европа, исто така, истакна дека ситуацијата е „најакутна“ во областите кои биле успешни „во контролата на болеста во првите шест месеци од 2020 година“.

„Особено сме загрижени поради епидемиолошката состојба на Балканот, како и многу други земји во централна Европа“, рече на прес-конференција Кетрин Смолвуд, виша службеничка за итни случаи во европската канцеларија на СЗО.

Регионалниот директор Ханс Клуге изјави дека вакцинирањето против ковид-19 сè уште не е доволно за да го спречи ширењето на преносот низ целиот регион.

„Инциденцата на случаите го продолжува трендот на зголемување и се движи кон исток“, рече Клуге.

„Сега видовме три последователни недели на пораст на случаите со ковид-19“, додаде Клуге, велејќи дека над 1,2 милиони нови случаи се пријавени минатата недела во европскиот регион на СЗО.

Иако многу земји во Европа моментално се наоѓаат под „делумна или целосна национална блокада“, Клуге рече дека некои почнуваат да ги укинуваат ограничувањата врз основа на претпоставката дека зголемената вакцинација „веднаш ќе доведе до подобрена епидемиолошка состојба“.

„Такви претпоставки е премногу рано да се прават“, рече Клуге.

Регионалниот директор сепак истакна дека вакцините на крајот ќе дадат излез од пандемијата.

„Вакцините делуваат и на крај ќе овозможат враќање во ново нормално“, рече Клуге.

Според податоците на СЗО, најголема седумдневна инциденца (број на заболени на 100.000 жители) има во градовите на Естонија, Чешка, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Во последните два дена, во Србија се регистрирани повеќе од 5.000 нови инфекции дневно, за разлика од февруари, кога имало просечно по 2.000 нови дневни случаи.

Во Босна и Херцеговина во последните десет дена имало помеѓу 1.300 и 2.000 нови инфекции на ден, што е голем скок од февруари, кога имало меѓу 300 и 700.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе