СЗО: Омикрон во наредните недели ќе зарази повеќе од половина Европејци

Омикрон варијантата на коронавирусот е на пат да зарази повеќе од половина Европејци, а ковид-19 сè уште не треба да се третира како ендемска болест како грипот, соопшти во вторникот Светската здравствена организација (СЗО).

Фото: ЕПА

Во Европа, во првата недела од 2022 година беа потврдени повеќе од седум милиони новозаразени со коронавирус, двојно повеќе од пред две недели, изјави за новинарите генералниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

„Со оваа стапка, Институтот за метрика и проценки во здравството предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните шест до осум недели“, рече тој, повикувајќи се на податоците од истражувачкиот центар на Универзитетот во Вашингтон.

Педесет од 53 земји во Европа и Централна Азија потврдија случаи на инфекција со таа позаразна варијанта, рече тој.

Но, се појавија докази дека омикрон повеќе го погодува горниот респираторен тракт отколку белите дробови, предизвикувајќи поблаги симптоми од претходните варијанти.

СЗО сепак забележува дека се потребни дополнителни истражувања за да се докаже ова.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави во понеделникот дека можеби е време да се промени начинот на кој се следи пандемијата и да се користи метод сличен на следење на грипот бидејќи смртноста е намалена.

Тоа би значело болеста да се третира како ендемична, а не како пандемична, односно да не се евидентира секој случај на инфекција и да не се тестираат сите луѓе со симптоми.

СЗО, исто така, верува дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди дали постоечките вакцини против ковид-19 обезбедуваат соодветна заштита од високо заразната омикрон варијанта на вирусот.

СЗО сè уште не знае дали е потребна нова вакцина специјална за омикрон.

„Потребни се дополнителни истражувања за подобро да се разбере како омикрон го избегнува имунитетот создаден од вакцината и заразата и одговорите на омикрон на вакцините“, посочува тој.

Анализата на британската Агенција за здравствена безбедност покажа дека бустер дозите на вакцината обезбедуваат високо ниво на заштита на постарите лица од тешки форми на болеста, но времетраењето на заштитата од блага симптоматска инфекција е пократко и паѓа на околу 30 проценти за околу три месеци.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе