„Во многу држави, како Британија каде што се разви имунитет на населението, и во кои е висока покриеноста со вакцинација, ќе видите разлика во иднина. Се наоѓате во втората фаза на пандемијата“, кажа Керхов за Би-би-си.
Таа кажа дека со десет милијарди дози вакцини против коронавирусот што досега се употребени, уште има три милијарди луѓе што ја чекаат својата прва доза.
„И понатаму имаме многу чувствителна популација. Тоа е глобален проблем, па мораме да го третираме со глобални решенија“, наведе Керхов.