СЗО: Нема доказ дека антителата значат и имунитет на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека нема докази кои би сугерирале дека постоењето антитела во крвта може да утврди дали некој има имунитет на коронавирусот.

Д-р Мајк Рајан, извршниот директор на СЗО за здравствени вонредни ситуации, кажа дека сѐ уште нема индикации дека големо мнозинство од популацијата развило имунитет.

„Постојат очекувања, можеби, дека е постигнат имунитет на толпа и дека повеќето луѓе во друштвото веќе развиле антитела. Мислам дека општите докази укажуваат токму на спротивното па тоа можеби нема да ги реши проблемите со кои се сретнуваат светските влади“.

Бројот на оздравените луѓе од коронавирусот кои повторно биле позитивни на тестирањата предизвика загриженост меѓу голем дел научници во светот, особено од аспект дека антителата дејствуваат како одговор на ковид-19.

Иако научниците тврдат дека сѐ уште нема докази дека лице кое повторно се заразило може да ја пренесе заразата, сѐ уште нема ни истражувања кои го побиваат тоа.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе