СЗО: Не препорачуваме комбинирање на вакцини, сè уште немаме доволно податоци

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот повтори дека поради недостаток на „соодветни податоци" не може да даде препорака во врска со комбинирањето различни вакцини против ковид-19, како што ќе стори Франција при ревакцинација на лица под 55 години кои примиле прва доза од вакцината на Астра зенека.

Фото: ЕПА

„Нема соодветни податоци за да може да се каже дали може тоа да се направи“ и затоа експертите на СЗО заклучија дека „комбинирање на вакцини во овој момент не може да се препорача“, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на редовниот брифинг во Женева.

Таа потсети дека оваа позиција била усвоена од Стратешката советодавна група на експерти за имунизација (САГЕ) во февруари при објавувањето препораки за вакцината на Астра зенека и пред информациите за можната поврзаност на вакцината со многу ретки несакани ефекти.

Таа исто така истакна дека научниците тогаш повикале да се истражи можноста за комбинирање на вакцините против ковид-19.

Француските власти во петокот одлучиле дека луѓето помлади од 55 години кои ја примиле првата доза на вакцината на Астра зенека ќе бидат ревакцинирани со вакцина на Фајзер или Модерна, кои исто така се базираат на иРНК.

Тоа се однесува на 533.000 луѓе во Франција.

Француските власти ја суспендираа вакцинацијата на лицата помлади од 55 години со вакцината на Астра зенека на 19 март поради појава на ретка тромбоза во Европа по вакцинирањето со вакцината.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во средата објави дека ретки случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето со вакцината на Астра зенека се „ретки несакани ефекти“ на вакцината и не можат да бидат поврзани со возраста, полот или медицинската историја.

ЕМА исто така нагласи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе