СЗО: Не е сигурно дека научниците ќе направат ефикасна вакцина за коронавирус

Неизвесно е дали научниците ќе успеат да направат ефикасна вакцина против новиот коронавирус што ја предизвика пандемијата ковид-19 и може да помине и една година пред да успеат во тоа, предупреди лидерот на Светската здравствена организација (СЗО).

Обраќајќи се преку видео-врска пред членовите на Европскиот парламент, кои се членови на Комисијата за јавно здравје, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека доколку се развие ваква вакцина, таа мора да биде јавно добро достапно за сите.

„Би било многу тешко со сигурност да се каже дека ќе имаме вакцина“, рече Тедрос. „Никогаш не сме имале вакцина против коронавирус. Тоа значи дека оваа ќе биде прва кога ќе биде измислена, се надевам дека ќе биде измислена“.

Тој рече дека СЗО веќе има повеќе од 100 кандидати за вакцина, од кои една е во напредна фаза на развој.

„Со надеж дека ќе има вакцина, се проценува дека би можеле да ја имаме во рок од една година. Ако се забрза, може да потрае и неколку месеци помалку. Тоа го велат научниците“, рече Тедрос.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе