СЗО: На пандемијата ќе ѝ дојде крајот во моментот кога ќе научиме да живееме со неа

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека очекува пораст на бројот на починати од ковид-19 во Европа во текот на октомври и ноември и дека тие месеци ќе бидат „многу тешки“ во однос на епидемијата.

Фото: ЕПА

„Ќе стане многу потешко. Во октомври и ноември ќе имаме пораст на стапката на смртност“, рече Ханс Клуге, директор на европскиот разгранок на СЗО.

Бројот на заразени во Европа во моментов е во пораст, но дневниот број на жртви е релативно стабилен.

Високиот функционер на СЗО за Европа, со седиште во Копенхаген, исто така ги предупредува оние што сметаат дека наоѓањето на вакцината ќе ѝ стави крај на епидемијата.

„Цело време слушам луѓе како велат дека вакцината ќе значи крај за епидемијата. Секако дека не“, рече Клуге.

Тој објасни дека никој сè уште не знае дали вакцината ќе биде ефективна за целата светска популација.

„Некои знаци покажуваат дека таа ќе биде ефикасно за некои, но не за сите“, истакна белгискиот лекар.

Тој исто така рече дека на пандемијата ќе ѝ дојде крајот во моментот кога ние, како заедница, ќе научиме да живееме со неа.

„А тоа зависи од нас и тоа е една многу позитивна порака“, заклучи Клуге.

СЗО соопшти дека вчера се случил најголемиот дневен скок на бројот на новозаразени со коронавирусот во светот, за 307.930 во еден ден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе