СЗО: Малку е веројатно дека коронавирусот во скоро време ќе биде искоренет (ВИДЕО)

Малку е веројатно дека коронавирусот во скоро време ќе биде искоренет, изјави функционерот на Светската здравствена организација Мајк Рајан.

EPA-EFE

„Во моментов е многу мала веројатноста дека вирусот ќе биде елиминиран. Постојат многу специфични услови во кои тоа може да се случи, на пример островските држави, но дури и тие ризикуваат повторен увоз на вирусот. Видовме земји кои успеаја да дојдат до нула, но сепак повторно го внесоа вирусот однадвор. Значи, секогаш постои ризикот“, кажа д-р Мајк Рајан во Женева.

Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) отпатуваа во Кина за да организираат истрага за потеклото на новиот коронавирус кој предизвика светска пандемија, објави претходно портпаролката на организацијата.

Двајца научници на СЗО, експерти за здравјето на животните и епидемиологија, ќе работат со кинеските колеги за да го одредат обемот и насоката на истрагата, кажа портпаролката на СЗО Маргарет Харис на брифинг за новинарите во Женева.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе