СЗО: Летните фестивали во Европа може да ги прошират мајмунските сипаници

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можното ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите големи собири планирани за ова лето во Европа. „Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е висок", рече Ханс Хенри Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Unsplash/Antoine J.

Но, Клуге верува дека фестивалите и другите настани планирани за следниве месеци би можеле да бидат и можност за подигање на свеста и зајакнување на заштитата на поединецот и заедницата меѓу младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.

Клуге тврди дека досегашните истраги укажуваат на тоа дека епидемијата во Европа трае од средината на април. Ова е нумерички и географски најголемото ширење на овој вирус надвор од Западна и Централна Африка, област каде што мајмуните сипаници се ендемични. Клуге верува дека брзото ширење на мајмунските сипаници во Европа во последните неколку месеци е помогнато со укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус. Иако голем број претходни инфекции се поврзани со сексуална активност, Клуге нагласува дека со вирусот може да се зарази било кој.

Бидејќи вирусот не се шири на ист начин како ковид-19, немаше потреба од воведување мерки за јавно здравје како што беше случај за време на пандемијата на коронавирус, рече Клуге. „Но, особено е важно да се нагласи дека сè уште не знаеме дали ќе можеме целосно да го потиснеме ширењето на вирусот“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Unsplash/Antoine J.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе