За спречување на ширењето на коронавируот

СЗО конечно препорача носење маски

Агенцијата се спротивставуваше на јавната употреба на маски, дури и откако владите и лекарите низ целиот свет ги препорачаа.

Фото: Роберт Атанасовски

Долго време откако повеќето нации ги повикаа своите граѓани да носат маски и откако неколку месеци изразуваше загриженост дека нема квалитетни докази дека тие се корисни, Светската здравствена организација вчера ја одобри употребата на маски за лице од страна на јавноста за да се намали преносот на коронавирусот.

СЗО во петокот ја прошири својата листа на препораки со носење маска во јавноста за време на пандемијата на коронавирусот.

Сега таа советува дека во областите каде што се шири вирусот, луѓето треба да носат платнени маски кога не е можно социјално растојание, како на пример во јавниот превоз и во продавниците.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека луѓето над 60 години или оние со веќе постојни болести исто така треба да носат маски во ситуации кога не може да се одржи социјалното растојание.

СЗО претходно препорачуваше само здравствените работници, лицата со ковид-19 и нивните негуватели да носат медицински маски, како причина наведувајќи го глобалниот недостиг од залихи.

За време на брифингот за новинарите на кој се дискутираше за сменетото упатство, Тедрос додаде дека „самите маски нема да ве заштитат од ковид-19“ и ја истакна важноста на миењето раце, социјалното дистанцирање и другите стратегии за спречување на заразата.

Ејприл Балер, експертка на СЗО за контрола на инфекции, рече дека типот на маски препорачани за пошироката јавност се прекривки од ткаенина или платно што може да се направат дома.

Таа рече дека дел од причината за додавањето на маските за лице во препораките на СЗО се зголемените докази дека ковид-19 може да го шират луѓето и пред да имаат симптоми.

СЗО претходно рече дека не се верува дека пренесувањето од луѓе што немаат симптоми е голем двигател на пандемијата на вирусот.

„Маските спречуваат лицето што може да ја има болеста да му ја пренесе на некој друг“, рече Балер.

Од почетокот на пандемијата, изненадувачки, СЗО одбиваше да ги препорача маските како корисни, а критичарите велат дека тоа е бидејќи маските се лесна и евтина превентивна мерка.

Дури и во својот последен список упатства, СЗО јасно ја покажа својата неволност, велејќи дека корисноста на маските за лице „сè уште не е поткрепена со висококвалитетен или директен научен доказ“, но дека владите треба да го охрабрат носењето маски поради „растечкиот куп опсервациски докази“.

СЗО даде и исцрпна листа на потенцијалните неповолни страни на носењето маска, вклучувајќи „тешкотии за јасно комуницирање“ и „потенцијална непријатност“.

Студија финансирана од СЗО неделава заклучи дека респираторните маски, како Н95, се подобри од хируршките маски за здравствените работници. Исто така, таа откри дека штитниците за лице и очилата може да дадат дополнителна заштита од коронавирусот.

Но СЗО не отстапи од претходните препораки за медицинските работници, велејќи дека респираторните маски се потребни само доколку тие работници се вклучени во процедури што создаваат аеросоли преполни со вирусот - капки помали од 5 микрони.

Освен во тие околности, пренесувањето на вирусот досега е докажано само со поголеми капки и преку контакт, рече д-р Бенедета Алегранци, експертка за заразни болести и техничко водство за СЗО.

Иако студиите покажаа дека вирусната РНК е присутна во воздухот во одредени здравствени установи, „преносот е различен и не е докажан“, рече таа.

„Разочарувачки е што СЗО ги отфрла најновите докази дека Н95-те се далеку поефикасни од хируршките маски во заштитата на здравствените работници од изложеност на ковид-19“, рече Дејвид Мајклс, епидемиолог од универзитетот Џорџ Вашингтон, кој беше на чело на одделот за безбедност и здравје при работа за време на администрацијата на Обама.

„Ако проблемот е недостигот од Н95, СЗО треба да го признаат тоа и да не се преправаат дека медицинските маски се подеднакво ефикасни“.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе