СЗО: Кога 95 проценти од луѓето би носеле маски, нема да има блокади

Блокадите би можеле да се избегнат кога сите би ги следеле препораките, како што е носење маски, рече шефот на СЗО за Европа на денешната прес-конференција, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Ханс Клуге истакна дека блокадите би требало да бидат последно средство и ја повика јавноста да ги следи и почитува мерките за да се спречат смртни случаи.

Клуге исто така рече дека ако 95% од луѓето носат маски, наместо 65% колку што сега носат, не би имало потреба од блокади. Сепак, тој истакна дека маските не се единствената заштита и дека треба да се комбинираат со други мерки.

„Ако сите учествуваме, можно е да се избегне блокада“, вели тој.

Тој истакна дека стотици милиони луѓе во моментов живеат под блокада, што бара економска поддршка за работата, што пак доведува до нарушувања во здравствениот систем и предизвикува колатерална штета во смисла на менталното здравје, злоупотреба на лекови и семејно насилство.

Говорејќи во Данска, Клуге предупреди на негативното влијание на пребрзото олеснување на мерките, велејќи дека мерките треба постепено да се релаксираат.

Европските земји се соочуваат со зголемен број на нови случаи и смртни случаи. Италија вчера објави најголем број на смртни случаи од пролетта, дури 753 лица во еден ден. Полска има најголем број на смртни случаи втор ден по ред, дури 637 лица.

Во Европа минатата недела починаа повеќе од 29.000 луѓе или по една личност на секои 17 секунди, рече Клуге. 4.500 луѓе умираат дневно од коронавирус, што доведе до зголемување на смртноста од вирусот во Европа за 18 проценти, додава тој.

Здравствените системи ширум Европа се пренатрупани, француската интензивна пополни 95% од капацитетите, а и швајцарската интензивна исто така ги наполни капацитетите.

Клуге, сепак, вели дека поради новите ограничувања е намален бројот на заразени од 2 на 1,8 милиони случаи минатата недела.

„Тоа е мал сигнал, но е сигнал“, вели Клуге. „Вирусот расте кај ранливите категории, поради сомневања, поради доцните реакции на властите“, додаде тој.

Тој исто така рече дека учењето мора да биде безбедно и дека добрата вест е за двете нови вакцини.

„И додека вакцините нема да го запрат вирусот целосно и нема да одговорат на сите наши прашања, тие претставуваат голема надеж во војната против вирусот“, вели тој.

Тој повтори дека вакцината не е сребрен куршум затоа што дистрибуцијата и количината ќе бидат ограничени, особено на почетокот.

„Знаеме дека вакцината пристигнува предоцна за зимата, затоа треба да се држиме заедно и да имплементираме долгорочни мерки за кои знаеме дека делуваат“, додава Клуге.

Директорот на СЗО за Европа исто така рече дека се надева, но е и многу претпазлив бидејќи се гледа колку брзо здравствениот систем може да се преоптовари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе