СЗО ја одобри вакцината Синовак за итна употреба

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри кинеската вакцина Синовак против ковид-19 за итна употреба, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Тие наведоа дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека ќе биде вклучена во Ковакс, глобалната програма за распределба на вакцините.

СЗО соопшти дека вакцината Синовак се препорачува за лица постари од 18 години со ревакцинација две до четири недели по приемот на првата доза. Тие исто така забележуваат дека нема горна старосна граница, бидејќи податоците покажуваат дека вакцината има заштитен ефект и кај постарите лица.

Резултатите од истражувањето на ефикасноста на вакцината покажаа дека вакцината спречува симптоматско заболување кај 51% од вакцинираните лица и спречува сериозен ковид-19 и хоспитализација кај 100% од испитаниците, соопшти СЗО.

„На светот очајно му требаат многу вакцини против ковид-19 во соочувањето со големите нееднаквости во светот“, рече д-р Марианџела Симао, заменик-директор на СЗО задолжена за пристап до лекови.

На 7 мај СЗО ја одобри вакцината Синофарм, така Синовак е втора кинеска вакцина одобрена од страна на СЗО.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе