СЗО ѝ порача на Европа: Продолжете да ја користите Астра зенека за да спасувате животи

Придобивките од вакцината против ковид-19 на Астра зенека ги надминуваат можните ризици и земјите низ Европа треба да продолжат да ја користат за да спасат животи, изјави во четвртокот директорот на огранокот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.

Фото: ЕПА

Ханс Клуге рече дека европските медицински регулаторни тела истражуваат помал број случаи на создавање крвни згрутчувања во некои европски земји, поради што неколку земји-членки на ЕУ привремено престанаа да ја користат вакцината од наведениот производител.

„Во овој момент, не знаеме дали вакцината е одговорна за појава на некои несакани ефекти или за сите нив, или се работи за случајност“, рече Клуге.

„Но, во моментов знаеме дека придобивките од Астра зенека ги надминуваат нејзините ризици и треба да продолжи да се користи за спасување животи“, истакна официјалниот претставник на СЗО.

Европската медицинска агенција (ЕМА) постојано тврди дека засега нема докази што ја поврзуваат вакцината Астра зенека со згрутчување на крвта.

Клуге истакна дека стекнувањето и одржувањето на довербата на јавноста во вакцините е од „клучна“ важност.

„Мора да ја вратиме довербата, ако е изгубена, треба да се обнови, особено што се однесува до Астра зенека“, рече тој.

Довербата се враќа „со транспарентност, емпатија и компетентност“, додаде тој.

Астра зенека во неделата објави дека анализата на податоците за 17 милиони вакцинирани луѓе во Велика Британија и Европската унија со нивната вакцина не дава докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта.

Клуге рече и дека зголемениот број случаи во некои европски земји укажува на потребата, и покрај вакцинирањето, да се продолжи со спроведувањето на мерките за јавно здравје.

Европскиот регион на СЗО, кој вклучува 53 земји, има скоро 42 милиони случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, а во последните три недели бележи раст на бројот на случаи.

Клуге предупреди дека делови од регионот кои претходно успеале да го контролираат вирусот сега бележат многу високи стапки на инфекции, а тоа се однесува на централна Европа, Балканот и балтичките држави.

„Минатата недела, бројот на смртни случаи во регионот надмина 900.000“, предупреди тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе