На денешниот итен состанок

СЗО го класифицира Б.1.1.529 како загрижувачки сој и го нарече омикрон

Светската здравствена организација (СЗО) новата варијанта на ковид-19 првпат откриена во Јужна Африка ја нарече „омикрон“, соопшти здравствената агенција на ОН по денешниот итен состанок.

Фото: ЕПА

Светската здравствена агенција се состана денеска за да го именува сојот Б.1.1.529 и одлучи да го класифицира како „загрижувачка варијанта“, наместо како помалку сериозната ознака „варијанта од интерес“.

Делта-сојот, кој предизвика зголемени инфекции со ковид-19 низ целиот свет, откако првпат беше откриен кон крајот на декември 2020 година, исто така беше категоризиран како варијанта на загриженост од страна на СЗО претходно оваа година.

Агенцијата ја усвои практиката на именување на соевите според буквите во грчката азбука, барем делумно за да избегне на областите каде што тие првпат биле идентификувани да биде прикачена географска стигма. Многу набљудувачи очекуваа дека B.1.1.529 ќе биде именуван „Ну“.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе