СЗО ги предупреди верските заедници

Светската здравствена организација (СЗО) објави упатства за верските заедници како во времето на пандемијата на коронавирусот, особено пред празниците, да постапуваат во согласност со мерките.

Пред христијанскиот Велигден, еврејскиот празник Пасха и муслиманскиот месец рамазан, СЗО порачува дека верските лидери и заедници треба да размислат за прилагодување на праксата на богослужбите за да се спречи физички контакт и да се намали можноста од ширење на коронавирусот.

Се препорачува прегрнувањето, ракувањето и бакнежите да се заменат со активности кои подразбираат одржување „физичка дистанца“, како пријателски зборови, насмевка или контакт со очи.

СЗО истакнува дека, доколку верските заедници организираат верски собири, тоа би требало да го спроведат во координација со локалните власти и во рамки на еветуално веќе постоечките вонредни мерки.

„Ако одалечени или виртуелни собирања не се изводливи, држете го траењето на собирот на минимум за да го ограничите контактот меѓу учесниците и одржувајте најмалку еден метар одалеченост меѓу луѓето во секој момент“, се наведува во упатството на СЗО.

Се препорачува и спречување на допирање или бакнување на побожни и други предмети на што верниците се навикнати при богослужбите и молитвите.

„Вирусот ковид-19 може да остане на таквите површини со часови или денови“, предупредува СЗО.

Се истакнува дека верските лидери можат да креираат нови начини на почитување на верските објекти и симболи, како поклонување пред статуите или иконито наместо нивно допирање.

„Примете благослов од одалеченост од најмалку еден метар и избегнувајте делење света причест која вклучува ставање работи на јазик и пиење од иста чаша“, се наведува во упатството на Светската здравствена организација.

„Охрабрете ги верниците да избегнуваат присуствување на богослужби ако имаат какви било симптоми на ковид-19 или ако неодамна патувале во подрачја со раширена инфекција на вирусот во заедницата“, се наведува во упатството.

На верските заедници им се препорачуваат чести дезинфекциски чистења на богослужните простори, местата на аџилак и другите објекти и тоа непосредно пред собирањата.

Се истакнува дека верските заедници се клучната алка во здравствената безбедност и на верниците и на пошироката јавност.

Се предупредува дека, доколку верските лидери не се во можност да ги почитуваат пропишаните безбедносни мерки и правила, би требало да ги откажат сите верски собири.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе