СЗО ги повика сите земји да соработуваат во истражувањето на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика сите земји да соработуваат во откривањето на потеклото на коронавирусот, еден ден откако Кина одби понатамошна истрага во лабораториите и пазарите на нејзината територија.

Фото: ЕПА

СЗО овој месец предложи втора фаза од студијата за потеклото на коронавирусот во Кина, вклучувајќи инспекции на лаборатории и пазари во градот Вухан во кои беа откриени првите случаи на ковид-19 кај човек во декември 2019 година.

На прашањето за отфрлањето на истрагата од страна на Кина, портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, рече: „Тука не станува збор за политика или префрлање на вината“.

„Поентата е дека треба да разбереме како вирусот влегол во човечката популација. Во таа смисла, сите земји мора да бидат одговорни и да работат едни со други и со СЗО во духот на партнерството“, рече Јашаревиќ на прес-конференција во Женева.

Зенг Јиксин, заменик-министер на Националната здравствена комисија, во четвртокот изјави дека бил изненаден кога првпат го прочитал планот на СЗО затоа што се претпоставува дека протекувањето на вирусот било предизвикано од прекршување на лабораториските протоколи за време на истражувањето во кинеска лабораторија.

СЗО претходно во јули објави дека истрагите за потеклото на пандемијата на ковид-19 во Кина се попречени од недостигот од податоци во првите денови од ширењето во таа земја.

„Се надеваме дека СЗО сериозно ќе ги разгледа мислењата и сугестиите на кинеските експерти и вистински ќе го третира потеклото на вирусот на ковид-19 како научно прашање и ќе се ослободи од политичкото мешање“, рече Зенг.

Еден од клучните делови на теоријата на протекување од лабораториите во Вухан се фокусираше на одлуката на Институтот за вирусологија во Вухан во 2019 година да ги исклучи од интернет податоците за истражувањето за секвенционирањето на генот и базата на податоци за примероците.

Запрашан за оваа одлука, Јуан Жиминг, професор на Институтот и директор на Националната лабораторија за биолошка безбедност, за новинарите изјави дека базите на податоци во моментов се споделуваат само внатрешно, од страв од сајбер-напад.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе