СЗО: Европа е на раскрсница, време е да донесеме тешки одлуки (ВИДЕО)

Европа е на раскрсница во борбата против коронавирусот поради зголемувањето на бројот на заразени, почетокот на учебната година и доаѓањето на есента, предупреди во вторникот Светската здравствена организација.

Време е да го прекинеме „ловот по еднорози“ и да донесеме тешки одлуки за да ги заштитиме најранливите и да им овозможиме на децата да одат на училиште, дури и по цена на неизбежни жртви, рече директорот за кризни ситуации на СЗО, Мајкл Рајан.

„Во Европа, наскоро луѓето ќе почнат да се враќаат во затворени простори. Инфективниот притисок ќе се интензивира", рече Рајан на виртуелната прес-конференција.

„Како да ги оствариме тие два принципа - да ги заштитиме ранливите од смрт и да ги вратиме нашите деца на училиште?

Мора да се направат отстапки за младите и стари лица да учествуваат во општествениот живот, рече тој.

„Единствениот начин е возрасните да се оддалечат самите и на тој начин да помогнат да се намали трансмисијата“.

„Што е поважно: враќањето на нашите деца во училиште или отворање на ноќни клубови и барови?, праша тој.

Во петокот, СЗО пријави најголем број на новозаразени за еден ден, 53.873 случаи.

Марија ван Керхов, одговорна за управување со ковид-19 при СЗО, процени дека зголемувањето на бројот на заразени лица во Европа може делумно да се припише на зголеменото тестирање и следење.

Но, таа предупреди: „Болеста сега достигна повисоки нивоа на некои места отколку во април и мај. Со сигурност можеме да го потврдиме овој загрижувачки тренд“, рече таа на истата прес-конференција на која учествуваа СЗО, Организацијата за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) и Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ), посветена на враќањето на децата на училиште.

Рајан и Ван Керхов објавија ажуриран водич за здравствените мерки за контрола на ковид-19 во училиштата.

„Нема нулта стапка на опасност“, истакна генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

По деветмесечна криза, имаме појасна слика како новиот коронавирус влијае врз децата, иако многу прашања остануваат неодговорени, рече тој.

Уделот на лица под 20-годишна возраст во вкупниот број на заразени е помал од 10 проценти, а меѓу починатите е помал од 0,2 проценти.

Училиштата не треба да се затвораат, освен „во краен случај“, во областите каде што коронавирусот брзо се шири, рече тој.

Директорката на УНЕСКО, Одри Азулај истакна дека половина од децата на училишна возраст во светот сè уште не се вратиле на училиште и дека 11 милиони девојчиња можеби воопшто нема да се вратат на училиште.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе