Програмата Ковакс, чија цел е фер пристап до вакцините против ковид-19 за сиромашните земји, потпиша договори за стотици милиони дози, но допрва треба да почне со имунизацијата.
Фајзеровата вакцина засега е единствената која има итно одобрување од СЗО, а следната недела почнува разгледувањето за одобрување на две кинески вакцини.
Шефот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус кажа на брифинг дека новиот договор со Фајзер треба да овозможи почеток на вакцинирањето на здравствените работници во февруари.
Директорот на Фајзер Алберт Бурла кажа дека 40 милиони дози вакцини најавени во денес ќе бидат продадени на непрофитна основа. Тој кажа дека тоа е иницијалниот договор и дека во иднина уште дози би требало да бидат продадени преку Ковакс програмата.