СЗО: Денес во светот се забележани 230.370 случаи на зараза, што е рекорд

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во последните 24 часа во светот се забележани 230.370 случаи на зараза со коронавирусот, што е рекорден дневен пораст од почетокот на пандемијата.

EPA-EFE

Најмногу новозаразени има во Соединетите Американски Држави, Бразил и Јужна Америка, според податоците на СЗО. Претходниот дневен рекорд од 228.102 случаи беше забележан на 10 јули.

Како што објави СЗО, дневниот број на умрените од последици на заразата со новиот коронавирус останува на стабилни околу 5.000.

Според бројките што ги собра Ројтерс, денес бројот на потврдените случаи на зараза со вирусот се доближил на 13 милиони. Во последните седум месеци, од избивањето на пандемијата, во светот од последици на ковид-19 умреа над 565.000 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе