СЗО: Бројот на умрените поради коронавирусот во светот изнесува меѓу 6 и 8 милиони

Официјалниот број на смртните случаи поврзани со пандемијата на ковид-19 веројатно е „значително намален“, соопшти денес Светската здравствена организација (СЗО), која тврди дека е можно во целиот свет 6 до 8 милиони смртни случаи да се поврзат со пандемијата.

EPA-EFE

Претставувајќи го Статистичкиот годишен извештај за светското здравје, СЗО процени дека во 2020 со ковид-19 умреле најмалку 3 милиони луѓе, односно 1,2 милиони луѓе отколку што е регистрирано.

„Веројатно се соочуваме со значително намалување на вкупниот број на умрени директно или индиректно припишани на ковид“, објави СЗО.

Агенцијата на ОН смета дека 3,4 милиони умрени до мај директно може да се поврзат со пандемијата на ковид-19.

„Тој број навистина би можел да биде два до три пати поголем“, кажа Самира Асма, асистентка на шефот на одделот на СЗО за статистичка анализа.

„Затоа мислам дека сигурно 6 до 8 милиони мртви би можела да биде проценката“, додаде.

Аналитичарот на СЗО за податоци Вилијам Мсембури кажа дека со таа проценка се опфатени непријавените умрени од ковид-19, како и лицата кои умреле поради недоволно болнички капацитети и епидемиолошките рестрикции.

Официјалниот број „го намалува целосниот ефект“ на болеста, кажа Мсембури.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе