СЗО: Богатите земји добиле 80 проценти од вакцините, а најсиромашните само 0,2 проценти

Светската здравствена организација (СЗО) процени дека децата не треба да се вакцинираат против ковид-19 се додека не се вакцинираат постарите лица и ризичните групи во сите држави.

Фото: ЕПА

„Би сакале повторно да нагласиме дека приоритет треба да биде сите земји да добијат вакцина за високо ризични групи пред да почне вакцинирањето на оние кои се во многу помала опасност од заразата“, рече Кејт О’Брајан, директорка на СЗО за имунизација и вакцинација.

Предупредувањето доаѓа откако Канада во средата ги одобри вакцините Фајзер и Бајонтек за адолесценти од 12 години нагоре, со што стана првата земја што го стори тоа.

Следната недела се очекува истото да го сторат и САД, а Германија најави дека ќе им ја понуди вакцината на сите над 12 години до крајот на август.

Проширувањето на кампањата за вакцинација на адолесценти во побогатите земји може да ја зголеми нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцините, што СЗО постојано го критикува.

„Откако вакцините ќе бидат дистрибуирани на соодветен и рамноправен начин - така што секоја земја ќе добие доволно вакцини за приоритетните групи, силно ќе го поздравиме давањето вакцини на помладите генерации“, рече О’Брајан, како што пренесе Франс Прес.

Лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во петокот повторно ги повика богатите земји-членки на Г7 да дадат апсолутен приоритет на рамноправен пристап до вакцините, нагласувајќи дека сегашната ситуација е „неприфатлива“.

„Најважните нешта што сега ни се потребни се вакцините и рамноправност во вакцинацијата“, рече тој, додавајќи дека пандемијата одзема 100.000 животи неделно.

„Сите знаеме што треба да се направи за да се зголеми производствениот капацитет, а со тоа и имунизацијата во сите држави“, рече водачот на СЗО.

Тој истакна дека „повеќе од 80 проценти од дозите на вакцини“ биле дадени во побогатите земји, додека најсиромашните добиле само 0,2 проценти.

„Тоа е неприфатливо, ваквиот јаз е неприфатлив“, заклучи лидерот на СЗО.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе