СЗО: Благо забавуваат случаите на коронавирусот во Европа

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, рече дека има „мал знак“ за забавување на случаите на коронавирусот на континентот.

Фото: ЕПА

„Би требало да ја видиме светлината на крајот од тунелот, но ова ќе бидат тешки шест месеци“, рече д-р Ханс Клуге.

Клуге рече дека луѓето можат да ги избегнат построгите рестриктивни мерки ако бидат подготвени да се држат до препорачаните мерки.

Кога маските би се носеле 95 проценти, блокадите не би биле потребни, рече тој, додавајќи дека со сегашниот степен на носење маска од 60 проценти, тешко е да се избегне карантинот.

Тој рече дека експоненцијалниот скок на случаите на коронавирусот низ европскиот континент го оправдува преземањето рестриктивни мерки и додаде дека овие мерки се „апсолутно неопходни“ за да се запре пандемијата.

Клуге предупреди дека во овие „досега невидени времиња“ можеби ќе бидат потребни уште подрастични чекори.

Клуге предупреди дека пребрзото укинување на изолацијата без да се задржат другите мерки може да доведе до повторно појавување на инфекција со коронавирусот. Тој повика на систем во степени што може да означува јасни мерки во зависност од пренесувањето на инфекцијата во заедницата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе