СЗО: Алармантен број новороденчиња во Африка се отпорни на лековите против ХИВ

Нивото на отпорност на лековите против ХИВ е во пораст и итно е потребен нов пристап кон лекувањето, а на нивното дејство се отпорни речиси половина од новороденчињата кај кои е дијагностициран овој вирус, гласат најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО).

EPA-EFE

„Врз основа на последните студии, засновани на анкетите спроведени во десет супсахарски африкански држави, речиси половина од новородените деца со новодијагностициран ХИВ се заразени од тип на вирусот кој е отпорен на постоечките лекови“, се наведува во извештајот на СЗО кој го пренесува Гардијан.

СЗО предупредува дека, иако антивирусната терапија се покажала како успешна и во моментов се применува на 27,5 милиони луѓе (годишно зголемување од 2 милиони луѓе), отпорноста на лекот и понатаму расте, а истовремено сè поголем број земји го достигнаа многу значајниот праг на отпорност од 10 отсто.

Во извештајот стои дека „рутинскиот надзор“ на резистенцијата, кој се спроведува со истражување на алтернативните начини на лекување, ќе биде главниот начин со кој ќе се обидат да го намалат преносот на обликот на ХИВ отпорен на лекови.

Минатата година само 64 отсто од земјите со високо ниво на зараза поседувале акциски национален план за превенција, следење и реакции на обликот на ХИВ отпорен на постоечките лекови.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејсус истакна дека злоупотребата на антимикробните средства може да биде една од причините за отпорноста.

Антимикробните средства, меѓу кои се антибиотиците и антивирусните, антигабичните и антипаразитските средства се рбетот на модерната медицина.

Но нивната прекумерна употреба и погрешното користење ја намалуваат ефикасноста на овие есенцијални лекови, предупреди Гебрејесус.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе