Свршеницата на Кашоги го тужи саудискиот престолонаследник пред американски суд

Хатиџе Ченгиз, свршеницата на новинарот Џамал Кашоги, покрена постапка пред американски окружен суд против саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман и уште неколку функционери за убиството на новинарот.

Фото: ЕПА

Ченгиз и групата за заштита на човековите права основана од Кашоги пред неговата смрт покренаа постапка во Вашингтон против Бин Салман и повеќе од дваесет други највисоки саудиски функционери.

„Бруталното мачење и убиство на Кашоги ја шокираа совеста на луѓето низ целиот свет“, се вели во документот што го предадоа тие.

Тие јасно нагласија дека целта на ова убиство е да се замолкне Кашоги, кој беше поборник за права во Соединетите Држави.

„Ова убиство беше извршено по наредба на саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман. Обвинетите ги сметале постапките на Кашоги во САД за егзистенцијална закана за нивните интереси“, рекоа тие.

Поминаа две години од бруталното убиство на новинарот во саудискиот конзулат во Истанбул, а главните осомничени никогаш не одговараа за злосторството.

Посмртните останки од убиениот новинар никогаш не беа пронајдени, а во извештаите на истражителите се наведува дека тие биле целосно уништени за да се прикрие каква било трага од тоа злосторство.

Активисти и групи за човекови права тврдат дека убиството на Кашоги било планирано и дека било извршено по наредба на саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, а официјален Ријад ги негира тие обвинувања.

Во септември, главниот саудиски обвинител ги објави конечните пресуди за осум лица обвинети за убиството на Кашоги.

Петмина обвинети беа осудени на по 20 години затвор, еден на десет и двајца на по седум години.

Саудиските власти не го открија идентитетот на осудените лица, ниту кој каква казна добил, што дополнително ги засили сомнежите и критиките дека целата судска постапка била со цел да се заташка случајот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе