Свикана специјална седница на српското собрание за Косово, ќе зборува и претседателот Вучиќ

Претседателката на српското собрание Маја Гојковиќ свика специјална седница на парламентот за 27 мај годинава на која ќе биде претставен извештај за Косово и Метохија, јавуваат српските медиуми.

Гојковиќ на новинарите им кажа дека ќе го покани српскиот претседател Александар Вучиќ да присуствува на седницата, да учествува во расправата и да поднесе извештај за Косово. Вучиќ претходно на новинарите им изјави дека е спремен да присуствува на седницата.

Додаде и дека ќе ги покани и премиерката Ана Брнабиќ, членови на српската влада и директорот на канцеларијата на српската влада за Косово Марко Ѓуриќ. „Очекуваме по извештајот на претседателот да се отвори дебата и во неа да учествуваат сите пратеници, бидејќи ова е важна тема“, истакна Маја Гојковиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека е спремен да зборува пред собранието за Косово во следните неколку дена, доколку за тоа постои можност.

Тој истакна дека со изјавите и со „Резолуцијата за геноцидот на Србија на Косово“ верува дека, за жал, „маѓепсаниот круг на Косово не е затворен“.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе