Хјуман рајтс воч

Светското првенство и „најлошата криза на прекршување на човековите права во Русија од советско време“

ФИФА треба да застане во одбрана на човековите права еден месец пред почетокот на Првенството, вели Хјуман рајтс воч.

Светското првенство во фудбал, чиј домаќин во јуни и јули е Русија, ќе се одржи среде „најлошата криза во областа на човековите права во Русија од советско време“, соопшти Хјуман рајтс воч (ХРВ), глобална организација за заштита на човековите права.  

Во извештајот објавен вчера под наслов „Русија: ФИФА Светско првенство 2018 – Водич за човековите права за новинарите“, оваа организација со седиште во Њујорк вели дека ФИФА треба да го искористи своето влијание и кај руските власти да ги постави прашањата како што се  злоупотребата на работничките права, ограничувањата на основните слободи и актуелниот судир на активистите за човекови права.  

Во извештајот се наведува дека едномесечниот турнир ќе се одвива со „свирепо и влошено опкружување за човековите права“ во заднината.

Извештајот ги набројува прашањата што се однесуваат на подготовките на Русија и на одржувањето на Светското првенство во 2018 година, а се однесува и на пошироките прашања во врска со човековите права во Русија.

Во него се наведува рутинската употреба на рестриктивното законодавство заради намалување на слободата на движењето, здружувањето и изразувањето, и се споменува строго казнување низ примена на регресивно законодавство и јакнење на цензурата на интернет. 

Овој извештај ги објавува и новите правила за човековите права што ги усвои ФИФА, раководно тело на светскиот фудбал, како и нивната улога за поефикасно соочување со сериозните кршења на човековите права во Русија.

„Глобалните спортски настани како што е Светското првенство предизвикуваат масовно медиумско внимание“, рече Хју Вилијамсон, директор на ХРВ за Европа и за Централна Азија. „Се надеваме дека овој водич ќе им помогне на новинарите пошироко да ги согледаат проблемите во Русија надвор од фудбалскиот терен“. 

Документот ја критикува Русија поради давањето поддршка на сириската влада и покрај „доказите дека нејзините сили извршиле злосторства против човештвото и воени злосторства“. 

Исто така се забележува дека на Хај Сепелт, ветеран на германското спортско новинарство, му е забрането да присуствува на Светското првенство во Русија откако детално известуваше за скандалот во врска со допингот во спортот во Русија. 

Во документот исто така се споменува злоупотреба на работниците на градилиштата на стадионите на кои ќе се играат натпреварите на Светското првенство.  Овие злоупотреби вклучувале небезбедни работни услови, одложени плати, па дури и смртни случаи. 

Во извештајот се наведува и дека ФИФА потврдила дека Грозни, главниот град на Чеченија, е домаќин на египетската репрезентација, иако станува збор за регион со најголем степен на репресија во Русија. 

Се додава дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров „им се закануваше на борците за човекови права и ги клеветеше, односно дека јавно ги нарече предавници и доушници“. 

Во извештајот исто така се наведува дека Ојуб Титиев, шеф на чеченскиот разгранок на руската организација за права „Меморијал“, е во притвор „поради лажни обвинувања за поседување марихуана“.

ХПВ препорачува ФИФА да преземе цврсти чекори за решавање и за ублажување на загриженоста што е наведена во извештајот.

„ФИФА би требало да бара од Русија да го укине законот за  'геј-пропагандата', кој ги крши барањата на ФИФА за недискриминација. Исто така, ФИФА треба да ја повика Русија да ги оконча ограничувањата на демонстрациите во градовите на Светскиот куп пред, за време и по турнирите“, вели ХРВ во својот извештај. 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе