Светските лидери доаѓаат во Њујорк и покрај пандемијата

Иако пандемијата не стивнува, стотици светски лидери следната недела доаѓаат во Њујорк на делумно обновената годишна политичка екстраваганција на ОН, каде што заедно ќе се обидат да се справат со итните глобални проблеми, почнувајќи од коронавирусот.

Фото: ЕПА

Генералното собрание на ОН ќе се обиде да го засили замавот во договарање амбициозен договор за климата и да го обнови единството по талибанското преземање на власта во Авганистан. „Мораме повторно да ја вратиме довербата. Сегашната геополитичка поделба е пречка“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Светот е навистина во опасна ситуација. Мораме да го вклучиме алармот и да ги разбудиме политичките лидери“, додаде тој.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторник за првпат ќе зборува на Генералното собрание, а следниот ден ќе организира виртуелен самит за ковид.

Бидејќи делта варијантата повторно предизвикува нагорна линија во ширењето на вирусот, Гутереш предупредува дека светот „се движи во погрешна насока во справувањето со пандемијата“. „Апсолутно е неприфатливо да има земји со 80 проценти вакцинирани и други со два проценти вакцинирани“, рече тој.

Во Њујорк сигурно доаѓаат британскиот премиер Борис Џонсон, за кого прашањето за климата воочи конференцијата на ОН во Глазгов е најважно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и за прв пат израелскиот премиер Нафтали Бенет.

Американските власти ги обесхрабрија шефовите на државите да дојдат и побараа делегациите да бидат што е можно помали, бидејќи тоа е начин за борба против ковид. Така, меѓу другите, ги послуша францускиот претседател Емануел Макрон, кој ќе се обрати на Генералното собрание преку видео врска од Елисејската палата. „Загрижени сме дека настанот во ОН ќе стане супер ширител“, рече американската амбасадорка при ОН Линда Томас-Гринфилд. „Лидерите мора да бидат одговорни и да преземат одговорност за своите постапки“.

Еден од оние кои сигурно нема да послушаат е Жаир Болсонаро, претседателот на Бразил, земја која традиционално зборува прва на Генералното собрание. Тој рече дека ќе дојде во Њујорк иако не е вакциниран против коронавирусот, пркосејќи им на њујоршките власти кои сакаат сите учесници да покажат доказ дека се.

ОН минатата година организираа виртуелно Генерално собрание. „Многу сум горд што оваа зграда никогаш не била центар за ширење на вирусот и се надевам дека така и ќе остане“, рече Гутереш.

„Меѓутоа, сите се загрижени дека ова ќе биде циркус“, изјави официјален претставник на ОН за АФП под услов да остане анонимен. „Големите земји не доаѓаат овде за да се видат едни со други. Туку, малите земји доаѓаат да ги видат големите“.

Русија и Кина, постојани членки на Советот за безбедност, дури и не испраќаат министри за надворешни работи на Генералното собрание. Аналитичарот Ричард Гован од Меѓународната кризна група вели дека двете сили испраќаат порака. „Тие нема да инвестираат многу во ова Генерално собрание, можеби за да покажат и дека не се замараат дека Бајден доаѓања“.

Бајден, забрзувајќи ги напорите на својот претходник Доналд Трамп, смета дека подемот на недемократска Кина е најголемата грижа на Соединетите Држави во 21 век. Американскиот претседател сигурно ќе сака да слушне што мислат неговите колеги за талибанското брзо преземање на Авганистан по повлекувањето на САД. Западните земји не сакаат признавање на нивните власти додека не се покаже каков им е односот кон човековите права.

Авганистан сè уште во ОН е претставен од паднатата влада на претседателот Ашраф Гани, а истото важи и за Мјанмар и Гвинеја, каде што воените хунти ја презедоа власта. Сите три земји се предвидени за говорницата на Генералното собрание во петок, последниот ден од неговата работа, па се поставува прашање кој воопшто ќе ги слуша, пишува Франс24.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе