Светската здравствена организација ја одобри индиската вакцина против корона

Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави дека ја одобрила за итна употреба индиската вакцина против ковид-19 која ја произведува Барат Биотек.

EPA-EFE/SANJEEV GUPTA

„Техничката советодавна група утврди дека вакцината Коваксин ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од ковид-19, дека придобивките од вакцината се многу поголеми од ризиците и дека вакцината може да се користи“, објави СЗО на Твитер.

Експертите на СЗО препорачаа вакцината да се користи во две дози со интервал од четири недели, во сите возрасни групи постари од 18 години. Вакцината сега ќе може да се извезува.

Коваксин е седма вакцина против ковид-19 одобрена од СЗО досега, по Фајзер/Бионтек, Модерна, Астразенека, Џонсон&Џонсон и кинеските Синовак Биотек и Синофарм.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SANJEEV GUPTA

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе