„Техничката советодавна група утврди дека вакцината Коваксин ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од ковид-19, дека придобивките од вакцината се многу поголеми од ризиците и дека вакцината може да се користи“, објави СЗО на Твитер.
Експертите на СЗО препорачаа вакцината да се користи во две дози со интервал од четири недели, во сите возрасни групи постари од 18 години. Вакцината сега ќе може да се извезува.
Коваксин е седма вакцина против ковид-19 одобрена од СЗО досега, по Фајзер/Бионтек, Модерна, Астразенека, Џонсон&Џонсон и кинеските Синовак Биотек и Синофарм.