Светската банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против коронавирусот

Светска банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцини против коронавирусот и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светската банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки.

Фото: ЕПА

Парите на Светската банка се наменети за население од 112 земји, рече Малпас.

Тоа е дел од пакетот вреден 160 милијарди долари што Светската банка има намера да го насочи за борба против последиците на пандемијата до 30 јуни 2021 година.

„Имаме програми за итни случаи на одговор на здравствените проблеми во 112 земји и користиме брз механизам што сега овозможува пристап до 12 милијарди долари за набавка и испорака на вакцини“, рече Малпас.

Тој додаде дека Меѓународната финансиска корпорација (дел од Светска банка) работи на инвестирање дополнителни 4 милијарди долари во производство и дистрибуција на вакцини и средства за програми за вакцинација.

Болеста предизвикана од коронавирусната инфекција избувна кон крајот на 2019 година во централна Кина и се прошири во повеќето земји. Ова доведе до длабока меѓународна економска криза. Според прогнозата на ММФ, светската економија годинава ќе падне за скоро 4,4 проценти, но следната година треба да закрепне и да порасне за 5,2 проценти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе