Кампања пред избори

„Светот му се смее на Трамп“, вели Бајден во изборен спот (ВИДЕО)

Кампањата на Џо Бајден објави снимка со разни лидери и дипломати што го исмеваат претседателот за време на неговиот мандат.

Кампањата на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден нагло доби популарност кога на интернет почна да кружи вирално видео на кое фрустрираните светски лидери во разни ситуации го исмеваат претседателот Доналд Трамп.

Демократскиот кандидат објави нов изборен спот, велејќи дека на земјата ѝ е потребен водач што „светот го почитува“.

Едноминутниот клип почнува со збирка од снимки со дипломати и светски лидери што му се смеат на Трамп, вклучувајќи и снимки од говорот во Обединетите нации во 2018 година и овонеделното видео од конференцијата на НАТО во Лондон.

„Светот го гледа Трамп таков каков што е: неискрен, неинформиран, корумпиран“, вели гласот на Бајден во рекламата. „Според мене, опасно неспособен и некомпетентен за светски лидер“.

Бајден жестоко го критикува Трамп во својата примарна кампања за 2020 година, постојано нагласувајќи дека претстојните избори ги смета за враќање на американските вредности. И поранешниот потпретседател и неговиот син Хантер се често споменувани во истрагата за импичмент, бидејќи Трамп постојано вршел притисок врз лидерот на Украина да ги истражи. Ниту Бајден, ниту неговиот син не се обвинети за злодело.

„Можеме да ги пребродиме четирите години Доналд Трамп, но осумте години буквално, буквално ќе почнат да го менуваат карактерот на оваа нација и не можеме да дозволиме да се случи тоа“, рече Бајден минатиот викенд кога ја почна својата турнеја со автобус „Без глупости“. „Не можеме да дозволиме да се случи тоа“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе