Светот ја пречекува Новата година, повторно под знакот на коронавирусот

Светот денеска почна да влегува во новата година, која граѓаните ја чекаат со надеж дека ќе донесе поблаги мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Во 2022 година први влегоа граѓаните на пацифичките држави Кирибати, Самоа и Тонга, а потоа Нов Зеланд и Австралија, па Кина, Монголија, Малезија...

Новогодишни прослави во Австралија се организираа и покрај големиот скок на бројот на новозаразените со коронавирусот.

Илјадници огномети го осветлија небото над Сиднеј на полноќ (14 часот по средноевропско време).

Неколку часа пред почетокот на прославата, австралиските власти пријавија рекордни 32.000 нови инфекции, од кои многу се регистрирани во Сиднеј.

Вирусот придонесе за многу помалку луѓе на улиците на Сиднеј отколку во годините пред пандемијата, кога се собираа и милион луѓе.

Нов Зеланд се одлучи за поумерен пристап, а наместо спектакл со огномет во Оукленд, знаменитостите беа „обоени“ со светлина.

Властите на Нов Зеланд се обидоа да го обесхрабрат собирањето на голем број луѓе, иако во таа земја сè уште не е забележано ширењето на новиот омикрон сој на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Новата година беше прославена и на истокот на Русија, во Јапонија, Северна и Јужна Кореја, а потоа и во Кина, Монголија, Малезија, западните делови на Австралија, делови на Русија во Иркутската временска зона, како и на Филипините.

Низ целата планета новогодишните прослави се ограничени или откажани втора година по ред поради ширењето на коронавирусот, овој пат поради појавата на сојот омикрон.

Но дури и пред да почне да се шири омикрон, многу луѓе едвај чекаа да се збогуваат со втората тешка година од пандемијата.

Фактот што ширењето на омикрон досега не резултираше со толку голем број хоспитализации и смртни случаи како некои претходни соеви на вирусот, особено меѓу вакцинираните, донесе трошка надеж за 2022 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе