Светлосен спектакл во Јужна Кореја: со дронови испишани пораки за коронавирусот (ВИДЕО)

Стотици беспилотни летала го осветлија небото над Сеул со мотивациони пораки насочени кон подигнување на свеста за борбата против болеста ковид-19, предизвикана од коронавирусот.

Триста беспилотни летала беа програмирани да формираат спектакуларни сцени над реката Хан, која тече низ главниот град на Јужна Кореја.

Шоуто почна со пораки што ги потсетуваа луѓето на клучните мерки за превенција, вклучувајќи носење маски за лице, миење на рацете и држење растојание од два метри од другите луѓе.

На темното небо беспилотните летала наизменично создаваа слики од маски опкружени со честички од вирусот и со раце, како и капки вода.

Десетминутната програма потоа премина на пораки на благодарност до здравствените работници, како и до целото население во Јужна Кореја за нивните напори во борбата против епидемијата на болеста.

„Благодарам“, напишаа беспилотните летала на небото заедно со контури на срца и потоа ги создадоа контурите на Корејскиот Полуостров со пораки на охрабрување.

Спектаклот, кој се одржа во саботата, не беше однапред најавен затоа што се сакаше да се избегне масовно собирање без да се почитува социјалното растојание, соопшти Министерството за транспорт.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе