ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР

Света Гора не го прими Ципрас затоа што е „антихрист“

Управата на Света Гора одби да го прими премиерот на Грција Алексис Ципрас во официјална посета, кој в среда требаше да разговара со раководството на Света Гора. 

Ципрас требаше да ги посети манастирите и да се состане со вселенскиот патријарх Вартоломеј, пишува денес конзервативниот атински весник Катимерини и напомнува дека во донесувањето на оваа одлука учествувале и српски монаси.

Светата заедница – врховно управно тело на Света Гора, на бурниот состанок реши в понеделник да не го прими Ципрас во официјална посета и да не му ги укаже почестите предвидени со протоколот како премиер, туку му порача дека на Атос може да дојде само како „приватно лице“, како обичен аџија, пишува весникот.

Причина за оваа одлука е мислењето на свештениците на Света Гора дека не може да примат премиер што „прогласил дека е атеист“ и кој носи закони и спроведува политика што „го погодува православјето“.

Меѓутоа, пред две години, во август 2014-та, Ципрас на Света Гора беше топло прифатен, тогаш како водач на опозицијата и без посебни почести, дури и побарал и добил благослов на монасите.

Оттогаш многу нешта се променија, пишува Катимерини и наведува дека владата на Ципрас „отвори фронтови со црквата“, на која од самиот почеток на неговиот мандат не ѝ се допадна зашто и премиерот и пратениците на неговата коалиција СИРИЗА одбија да се заколнат на евангелието и „пред бога“ – што е вообичаена форма во Грција.

Од друга страна, пратениците на Ципрас ја ослободија Света Гора од данокот на недвижнини надвор од Атос, но тоа не го одоброволи свештенството.

Владата очигледно знаела каква ќе биде одлуката на управата на Света Гора па неколку часа пред нејзината одлука неформално ги извести медиумите дека посетата на Ципрас е „одложена поради обемот на работа“, изнесува денес Катимерини.

Меѓутоа, црковниот сајт како одговор на тоа брзо објави дека „посетата на премиерот ја откажа самата Света Гора, па до тоа не дојде поради обемот на неговата програма, како што се вели“.

Покрај тоа, во еден од манастирите на Атос – манастирот Дохијариос, по повод посетата на Ципрас се закачени црни знамиња и транспаренти „против антихристот“.

Црковни извори на грчкиот весник коментираат дека тоа се „невидени работи за Света Гора“, „без преседан“ во нејзината историја, и дека забраната премиерот да влезе во дел на грчката територија, на Света Гора, не само што е несфатлива и правно неодржлива, туку претставува и „света непристојност“, без оглед на политичките ставови.

Катимерини наведува дека меѓу претставниците на манастирите што се спротивставиле на посетата на Ципрас – петнаесет од вкупно дваесетте, „биле и три во кои се наоѓаат монаси од руско, српско и бугарско потекло“.

„Помирните и повнимателни набљудувачи на светогорските прилики сметаат дека ставот на ‘Светата заедница’ е последица на атмосферата на конзервативизам, понекогаш со карактеристики на православен фундаментализам, кој нагло го освојува теренот на Света Гора“, заклучува атинскиот весник. 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе