Свештеник-херој втрчал во запалената катедрала Нотр Дам и од огнот ја спасил „Круната од трња“

Францускиот свештеник и капелан на париската пожарникарска бригада Жан Марк Фурние е еден од хероите на синоќешното спасување на катедралата Нотр Дам.

Фурние храбро втрчал со пожарникарите во запалената катедрала и од неа ја спасил „Круната од трња“, за која се стравуваше дека е изгубена во пожарот кој со страотна брзина се разгоре и по кулата и покривот, ја зафати речиси целата црква.

„Отец Фурние е апсолутен херој. Тој не покажа страв кога втрча право по реликвиите во катедралата и ги спаси. Тој се носи со животот и смртта секој ден и не покажува страв“, кажа припадник на службата за брза помош.

„Отецот Фурние влезе со пожарникарите во катедралата Нотр Дам за да ги спаси Круната од трња и благословениот сакрамент“, потврди и уредникот на француската католичка телевизија КТО Етјен Лораије.

Ова не е првпат храбриот свештеник да се стави во служба на Париз и неговите граѓани во момент на трагедија. Кога беше нападната концертната сала Батаклан на 13 ноември 2015, при што терористите убија 90 посетители, Фурние влегол во салата и се молел над мртвите и тешко повредените, и им помагал на оние кои изгубиле најблиски во терористичкиот напад.

Овој свештеник ја почнал кариерата во Германија, а потоа се префрлил во Франција. Се придружил на оружените сили во 2004, и минал седум години со француската војска низ светот. Во Авганистан преживеал заседа од талибанците во која биле убиени 10 војници.

Католиците веруваат дека Круната од трња, која се наоѓаше во Нотр Дам, е венецот од трња кој му бил ставен на главата на Исус Христос пред неговото распнување на крстот. Во Париз во 1238 година ја донел францускиот крал Луј Деветти. Реликвијата се чува во златен сандак во ризницата на катедралата и само повремено се изнесува за верниците да можат да ја видат

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе