Сведок на судењето за убиството на Кашоги: Му се заканувал поранешен советник на принцот

Сведок на турскиот суд денеска изјави дека убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги добил закани од поранешен советник на саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Фото: ЕПА

На Кашоги му се заканувал Сауд ал-Кахтани, кажал сведокот на второто судење на 26 осомничени во судот во Истанбул, објави Кристијан Мир од организацијата за слобода на медиумите Репортери без граници (РСФ).

„Кашоги зборуваше за телефонски разговор со Кахтани додека живееше во Вашингтон, велејќи дека тој знае каде живее Кашоги со своите деца“, напиша на Твитер директорката за меѓународни кампањи на РСФ, Ребека Винсент. Судењето на 26 осомничени во отсуство ќе продолжи на 4 март.

Кашоги беше убиен во 2018 година откако влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да добие документи за венчавка со својата турска вереница Хатиџе Ченгиз. Таа го чекала пред зградата.

Турските власти веруваат дека Кашоги бил убиен од саудиски платеници и дека неговото тело потоа било распарчено и извлечено од конзулатот. Посмртните останки од тој колумнист на „Вашингтон пост“, жесток критичар на саудискиот престолонаследник, никогаш не се пронајдени.

Првото рочиште на судењето во Истанбул започнало во јули, првично против 20 Саудијци. Меѓу нив биле Кахтани и Ахмед ал-Асири, поранешен заменик на шефот на саудиската разузнавачка служба.

Турција додаде уште шест осомничени во септември, за кои бара казна затвор од пет години до доживотен затвор. Саудискиот суд претходно во септември осуди пет лица на дваесет години затвор, ублажувајќи ги претходно изречените смртни казни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе