Наводно летал кон Македонија

Сведок на судењето на Нетанјаху загинал во авионска несреќа

Во пад на авион кај Грција загинале поранешниот заменик директор на израелското министерство за комуникации Хаим Гарони, кој е сведок на судењето за корупција на поранешниот премиер на Израел бенјамин Нетанјаху, и неговата сопруга Ести.

EPA-EFE

Причината за падот на авионот цесна 182 кој полетал од мал аеродром во Хаифа не е позната, но најверојатно несреќата ја предизвикале технички проблеми кои се појавиле пред полетувањето.

Авионот исчезнал од радарите околу 20 часот по израелско време.

Грчките медиуми јавија дека три брода тргнале кон местото на падот, вклучувајќи брод на крајбрежната стража и рибарски чамец, а полетал и хеликоптер на грчките воздухопловни сили.

Нетанјаху е обвинет за измама, злоупотреба на позицијата и мито во три случаи за корупција.

Еден од нив наречен Случај 4000 се однесува на промовирање прописи кои му обезбедиле стотици милиони долари на сопственикот на телекомуникацискиот гигант Безек, Шаул Елович, во замена за позитивно известување на популарниот новински сајт на компанијата.

Сведочењето на Гарони требало да биде фокусирано на донесувањето на прописите.

Тој наводно летал во Македонија, а авионот паднал кај островот Самос во Егејското Море, каде наводно требало да дотури гориво, јавуваат израелските медиуми.

Роднина на загинатиот кажал дека тој сакал да лета и често летал во странство, и дека бил одговорен пилот, така што не може да сфати што се случило.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе