Како започнала војната меѓу два моќни наркокартели

Сведок: Ел Чапо наредил убиство на човек бидејќи одбил да се ракува со него

Хоакин Ел Чапо Гузман бил безмилосен убиец кој наредил убиство на човек само затоа што тој одбил да се ракува со него, рече сведокот на обвинителството, на судењето на мексиканскиот наркобос кој е екстрадиран во САД во јануари 2017 година, пренесе Ројтерс.

Хусус Замбада, брат на Исмаел Ел Мајо Замбада кој наводно му бил партнер на Гузман во водењето на картелот Синалоа по три дена сведочење го изнесе своето најдраматично сведоштво, опишувајќи го учеството на Гузман во серија убиства.

„Гузман го наредил убиството на Родолф Карило, член на картелот Хуарес и братот на шефот на тој картел бидејќи одбил да се ракува со него“, рече Замбада, по чие сведоштво тоа убиство резултирало со војна меѓу двата картели.

Еден од бранителите на Гузман со вкрстено испрашување се обидел да ја доведе до прашање веродостојноста на сведоштвото на сведокот со оглед на неговите претходни искази за државните обвинители.

Пред две недели со највисоки мерки на безбедност, започна судењето на Гузман (61) во Њујорк под обвинение дека го водел најголемиот светски наркокартел кој за 25 години во САД прошверцувал повеќе од 155 тони кокаин.

Екстрадиран е во САД во јануари 2017 година откако двапати побегнал од затвор во Мексико.

Првиот пат побегнал скриен во количка за валкани алишта, а потоа се провлекол низ тунел што бил ископан до неговиот туш во затворот.

Американското Министерство за правда го смета за најмоќен наркобос од колумбискиот Пабло Ескобар „Кралот на кокаинот“, кој бил еден од најбогатите луѓе во светот, додека полицијата не го убила во 1993 година.

Експертите истакнуваат дека владата има речиси непобитни докази и дека Гузман најверојатно ќе заврши во најстрого чуваниот затвор во САД до крајот на животот.

Картелот Синалоа кој Гузман го создал во 1989 година и понатаму е моќен.

Заедно со Гузман, обвинет е и Исмаил Ел Мајо Замбада кој и понатаму е на слобода, а насилното шверцување на дрога во Мексико продолжува непречено.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе