Суспендирањето на издавањето дозвола за Северен тек 2 ја покачи цената на гасот во Европа

Цената на гасот во Европа, според податоците на берзата ИЦЕ, надмина 1160 долари за илјада кубни метри, што се поврзува со проблемите во сертификацијата на гасоводот Северен тек 2 во Германија.

Фото: ЕПА

Цената на декемвриските фјучерси во ТТФ центарот во Холандија се искачи на 1.168 долари за илјада кубни метри, или 99,8 евра за мегават-час.

Вкупниот пораст на цената на гасот во Европа во однос на вторникот е повеќе од четири отсто.

Аналитичарите го објаснуваат зголемувањето на цената со суспендирањето на сертификацијата на операторот на гасоводот Северен тек 2 во Германија.

Имено, германската агенција за мрежни активности вчера привремено го суспендираше процесот за издавање дозвола за пуштање во промет на гасоводот Северен тек 2, барајќи компанијата што управува со проектот да биде организирана според германските закони.

Тоа е компанијата Норд стрим 2 со седиште во Швајцарија која најави основање на подружница во Германија, која ќе биде задолжена за управување со делот од гасоводот на подрачјето на таа земја.

Дополнително, Гаспром не го резервира предложениот дополнителен капацитет за транзит на природен гас преку Украина и преку гасоводот Јамал-Европа низ Полска, што исто така влијаеше на поскапувањето на гасот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе