Супербогатите Американци не го исполнуваат ветувањето дека ќе донираат поголем дел од своето богатство

Супербогатите Американци што ветија дека ќе донираат поголем дел од својот имот во добротворни цели, наместо тоа, го зголемуваат своето богатство со „складирање“ пари во семејните фондови, покажа нова студија.

Фото: ЕПА

Повеќе од три четвртини од мултимилијардерите што се приклучија во кампањата „Давање завет“ и ветија дека ќе донираат поголем дел од своите пари, во последните десет години значително го зголемија своето богатство, објави Институтот за политички студии.

Авторите на студијата ги повикаа богатите да го следат примерот на Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот на Амазон, Џеф Безос, и да ги донираат парите директно во хуманитарните организации, наместо да ги чуваат во семејните фондови.

„Потписниците во 2010 година ветија дека ќе дадат половина од своето богатство, а наместо тоа, нивните средства се удвоија“, рече Чак Колинс, коавтор на извештајот „Богаташко давање“.

„Со донирањето 1,7 милијарди долари директно во 116 добротворни здруженија, Мекензи Скот е пример за тоа што треба да прават мултимилијардерите и потписниците на 'Давање завет' со своето богатство“, посочи тој.

Кампањата „Давање завет“ беше покрената во 2010 година од американскиот тајкун Ворен Бафет, заедно со основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, со цел да ги охрабрат супербогатите да донираат поголем дел од својот имот за филантропски цели.

Единаесет од 62-та американски милијардери анализирани во студијата имаат помалку пари отколку во 2010 година, или поради донирање пари или поради промени на пазарот, додека останатите 51 „значително го зголемиле“ своето богатство.

Ова може делумно да се објасни со фактот дека тие заработуваат пари побрзо отколку што можат да ги даваат, вели Институтот.

Но тој исто така предупредува дека многумина од нив претпочитаат да плаќаат пари во приватни фондови со цел да платат помалку данок, што резултира со „складирање“ пари, наместо да ги даваат во добротворни цели.

Институтот го повика Конгресот да направи нешто, како на пример да ги укине даночните олеснувања за ваквите организации и да ги принуди повеќе да донираат.

Првиот еден процент од петте проценти од ултрабогатите до 2050 година може во свои раце да држи 24% од глобалното богатство, неодамна проценија Обединетите нации, предупредувајќи на растечката социјална нееднаквост.

Повеќето луѓе сакаат богатите повеќе да придонесуваат за искоренување на сиромаштијата, покажа меѓународното истражување на активистичката група Глобал ситизен и холандската агенција Глокалити, спроведено претходно оваа година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе