Судскиот процес за отповикување на Трамп почнува на 8 февруари

Судењето за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе почне во американскиот Сенат во неделата што почнува на 8 февруари, објави лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.

Фото: ЕПА

Претходно беше објавено дека американскиот Претставнички дом в понеделник ќе достави до Сенатот предлог за отповикување на Трамп, обвинувајќи го за поттикнување бунт.

Шумер рече дека со ова ќе почне судскиот процес што може на Трамп да му ја „затвори вратата“ за повторно да се кандидира на претседателски избори.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, претходно предложи почетокот на судењето за отповикување на Трамп да се одложи за една недела или повеќе, за Трамп да има време да ја подготви својата одбрана.

Демократите во Претставничкиот дом, кои минатата недела гласаа за импичмент на Трамп, откако тој беше обвинет за поттикнување на немирите во Капитол на 6 јануари, посочија дека сакаат брзо судење додека претседателот Џо Бајден го почнува својот мандат, велејќи дека тоа е потребно за земјата и Конгресот да тргнат напред.

Сепак, Меконел во четвртокот на своите републикански колеги им рече дека краткото одложување би му дало време на Трамп да го подготви и состави својот правен тим, што ќе обезбеди правично судење.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе