Судот во Стразбур пак ја осуди Турција за кршење на слободата на изразувањето

Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) денеска ја осуди Турција во два случаи за кршење на слободата на изразување на една новинарка и една пратеничка.

Фото: ЕПА

Судиите во првиот случај едногласно, а во вториот случај со мнозинство гласови, пресудија дека Турција го прекршила членот 10 од Европската конвенција за човекови права, кој ја штити слободата на изразување.

Првиот случај се однесува на познатата турска новинарка Бану Гувен, на која ѝ беше привремено забрането „објавување (во сите средства за комуникација) информации за парламентарната истрага на четворица поранешни министри, поради обвиненија за корупција“ од 2013 година.

Судот во Стразбур оцени дека забраната имала големи последици при остварувањето на правото на новинарката на слободата на изразување на актуелната тема и ѝ наложи на Турција да плати 1.500 евра за трошоците на новинарката, која не поднела барање за обесштетување.

Во 2013 година Бану Гувен беше политичка коментаторка и водителка на националната телевизија ИМЦ-ТВ. Во есента 2016 година, каналот, кој ги бранеше правата на курдското малцинство, беше затворен во програма во живо за време на вонредна состојба по неуспешниот пуч во јули истата година.

Во вториот случај на Турција ѝ беше наложено да ѝ плати 5.000 евра нематеријална штета и 4.000 евра трошоци на прокурдската пратеничка од ХДП, Филиз Керестечиоглу Демир, чиј пратенички имунитет беше укинат во 2016 година, како дел од уставните реформи. Против неа во Турција сè уште се води кривична постапка за учество на политички состанок во февруари 2016 година, на кој наводно се слушале пароли за кои полицијата смета дека се „провокативни“.

Уставната реформа „имаше за цел ограничување на политичкиот дискурс на парламентарците“ во контекст на „борбата против тероризмот“, рече ЕКЧП.

ЕКЧП редовно ја осудува Турција за кршење на човековите права, особено по обидот за државен удар во јули 2016 година, по што следуваа големи чистки во војската, судството, медиумите и невладините организации.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе