Судот во Москва го казни Гугл со три милиони рубљи

Како дел од поширокиот спор меѓу државата Русија и американскиот технолошки гигант Гугл, судот во Москва вчера му изрече парична казна на Гугл Алфабет инк. во износ од 3 милиони рубљи (400.386 долари), бидејќи не ги избришал содржините што се сметаат за нелегални во Русија.

Фото: ЕПА

Минатиот месец Русија се закани дека ќе го казни Гугл во висина од одреден дел од годишниот приход на компанијата остварен во Русија бидејќи во неколку наврати не ги избришал забранетите содржини на својот пребарувач и на Јутјуб.

Оваа закана се смета за најрешителниот потег на Москва досега во обид да ги спречи странските технолошки компании.

Гугл, кој минатиот месец објави дека платил повеќе од 32 милиони рубљи казни, не одговори веднаш на барањето на Ројтерс да ја коментира вчерашната одлука на судот во Москва.

Русија оваа година изрече неколку мали казни за американските технолошки компании, а државното регулаторно тело за комуникации Роскомнадзор ја забави оперативната брзина на Твитер во март.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе