Судот потврди: Трамп нема право да ги блокира своите критичари на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп нема право да ги блокира своите критичари на Твитер само затоа што не ги делат неговите ставови, објави апелацискиот суд составен од тројца судии.

Судиите ја потврдија одлуката која минатата година ја донесе федерална судијка според која американскиот претседател спроведувал „дискриминација на мислењата“ кога ги спречувал своите критичари да се пријават на неговиот личен профил.

Судијката тогаш истакна дека можноста за реагирање и коментирање на честите претседателски твитови е дел од слободата на изразување загарантирана со првиот амандман на американскиот устав.

Министерството за правосуство вложи жалба на таа одлука.

Во одлуката објавена вчера судот наведува дека Трамп од својот профил на Твитер кој го следат 61,8 милиони луѓе создал јавен простор поврзан со сопствената јавна функција.

„Првиот амандман не му дозволува на владин функционер кој користи профил на социјалните мрежи да ги исклучи, при отворен онлајн дијалог, лицата кои изразуваат мислења со кои тој функционер не се согласува“, напишаа судиите во пресудата на 29 страници.

Случајот е резултат на жалбата на Најт институтот, организација за заштита на слободата на изразувањето на универзитетот Колумбија, во име на седум лица кои Трамп ги блокирал.

Министерството за правда тврдеше дека Трамп не дејствувал во својство на претседател кога ги блокирал корисниците на Твитер, но судиите го отфрлија тоа тврдење.

„Сметаме дека постојат доволно докази за официјалниот карактер на профилот“, напишаа судиите. „Сметаме дека со отворање интерактивна платформа за милиони корисници и учесници тој не може да ги исклучи оние со кои не се согласува“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе