Судот побара психијатриска проценка на Марин Ле Пен: „Опасна е за јавноста“

Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен, денес протестираше против одлуката на судот со која се бара нејзина психијатриска евалуација, бидејќи во декември 2015 година на Твитер објави фотографии од егзекуции на џихадистичката група на исламската држава.

„Ова навистина е застрашувачко. Овој режим навистина почнува да шири страв“, напиша на Твитер претседателката на Националното собирање (РН, поранешен Национален фронт) објавувајќи ја и одлуката на судот за психијатриска проценка.

Одлуката е датирана на 11 септември и е донесена од страна на судијката која ја води истрагата во која Ле Пен е обвинета за „објавување насилни слики“. Судијката побара психијатриската евалуација на Марин Ле Пен да се спроведе „што е можно поскоро“. Според законот,  во таквите истраги мора да се спроведе медицинска проценка.

„Мислев дека имам право на тоа: Но не! Бидејќи на Твитер ги осудив злосторствата на ИСИС ‘правосудството’ ме испраќа на психијатриско испитување! До каде можат вака?!“ се запраша финалистката на претседателските избори од 2017 година.

Со проценката ќе се утврди „дали е способна да го разбере она што ѝ се кажува и да одговори на прашањата“ и дали „прекршокот со кој се терети е поврзан со фактички и биографски податоци“ од нејзиниот живот.

Експертот исто така треба да процени дали нејзиното ментално здравје би можело да биде опасно за јавноста.

Во ходниците на Националното собрание таа рече дека нема да се одзвие на барањето за проценка. „Би сакала да видам како судот на тоа ќе ме присили“, рече таа.

Нејзините поддржувачи на Твитер ја оценија одлуката диктаторска. „Затворање на противниците во психијатриски установи беше советска и специјалност на тоталитарните режими“, објави на Твитер нејзиниот животен партнер и потпретседател на РН Луј Алиот.

Крајно левичарот Жан-Лук Меленшон рече дека евалуацијата е непотребна бидејќи Ле Пен е „политички одговорна за политички постапки“.

„Ова не е начинот на кој ќе ја ослабнеме крајната десница“, додаде тој.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини напиша: „Судот нареди психијатриска проценка за Марин Ле Пен. Немам зборови! Солидарност со неа и со Французите кои ја сакаат слободата!“

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе