Судот на правдата ќе го сослуша случајот Украина-Русија од 7 до 8 март

Меѓународниот суд на правдата вчера соопшти дека на 7 и 8 март ќе ги одржи сослушувањата за тоа дали да нареди „привремени мерки“ во тужбата што Украина ја покрена против Русија, која бара запирање на воените дејствија на Москва во Украина.

Фото: ЕПА

Судот на ОН во соопштението рече дека ѝ испратил на Русија итно писмо да се подготви во случај да се наредат привремени мерки или итни чекори за заштита на Украина, како што таа побара.

Тужбата на Украина поднесена во неделата тврди дека тврдењето на Русија дека ја нападнала Украина за да спречи геноцид е лажно.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата рече дека поднел тужба до судот поради обвиненијата за геноцид што ги упати Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Украина извршила геноцид во регионот Донбас во источна Украина и рече дека инвазијата, која руските власти ја нарекуваат „специјална операција“, е оправдана затоа што целта ѝ е да го прекине тоа.

Аргументите на Украина се дека земјите имаат спор околу договорот познат како Конвенција за геноцид, кој и двете го потпишаа. Украина тврди дека не се случил геноцид во Донбас и дека договорот во секој случај не ѝ дава право на една земја да изврши инвазија на друга за да спречи геноцид.

На сослушувањата од 7 до 8 март судиите нема да ги разгледуваат прашањата за јурисдикцијата или за основаноста на случајот на Украина, туку само дали предметот е толку итен што мора да наредат итна мерка во интерес на правдата пред случајот да биде сослушан во целост.

Не е одреден датум за одлуката.

Иако МСП е највисокиот суд на Обединетите нации и неговите пресуди се обврзувачки, некои држави, меѓу кои и Русија, во минатото ги игнорираа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе